Дома Топ вести Меси НЕ потпишал – Аргентинецот и поставил услов на Барселона!?

Меси НЕ потпишал – Аргентинецот и поставил услов на Барселона!?

messi

Еден од најдобрите фудбалери во историјата сеуште не го продлжил договорот со Барселона.

Иднината на Меси е една од главните теми во сите светски медиуми, неговиот сегашен договор со Барселона истекува на крајот на оваа сезона. Иако од Барселона убедуваат дека клубот и Аргентинецот се договориле изгледа дека сепак не е така.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси има услов кој бара да биде исполнет за тој да потпише нов договор, а тој услов е да биде засилена напаѓачката линија на тимот.

Бразилецот Фелипе Кутињо долго време беше голема желба на Барселона, но Ливерпул не сакаше да го пушти својот најдобар фудбалер, па тој остана на „Енфилд“. Но, неодамна сите шпански медиуми пренесуваа дека Антоан Гризман се договорил со Барселона и пристигнува наредното лето.

Можеби токму Гризман е доведен по барање на Аргентинецот, а како се ќе се заврши останува времето да покаже.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…