Дома Фудбал Англија Меси неизвесен за епитетот „најдобар“: Кејн го следи во чекор Аргентинецот на листата на стрелците

Меси неизвесен за епитетот „најдобар“: Кејн го следи во чекор Аргентинецот на листата на стрелците

Вчера Каталнците славеа во Мадрид против вечниот ривал со 0:3, а Меси беше убедливо предводник на Барселона.

По погодокот кој го постигна Меси на вчерашниот дуел, го запиша 54 гол во оваа календарска година и е прогласен за најдобриот стрелец во оваа година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Она што е интересно, неколку часа по „Ел Класико“ Хари Кејн му се доближи значително на Меси во оваа битка.

Имено, фудбалерот на Тотенхем на вчерашниот дуел против Барнли постигна хет-трик и запиша вкупно 53 погодоци со што го зазема второто место на оваа листа. Со оглед на тоа дека во Англија веќе во вторник ќе се одигра ново коло во Премиер лигата, Кејн ќе има шанси оваа година да ја заврши со идентичен или поголем број погодоци од аргентинската ѕвезда.

Меѓудругото, ако барем еднаш се запише во листата на стрелците во вторник, Кејн ќе го повтори достигнувањето на Алан Ширер кој постигна 36 погодоци во Премиер лигата во 1995. година, па така ќе влезе во историјата и ќе биде најмоќниот стрелец во рамки на петте најмоќни лиги за 2017. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…