Дома Фудбал Меси му се налути на Лапорта

Меси му се налути на Лапорта

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта во вчерашното интервју изјави дека воопшто не ја разгледува опцијата да го врати Меси на „Камп Ноу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси се навредил поради тоа, па дури и да постои опција, сега не сака да се врати во клубот, пренесуваат аргентинските медиуми.

Аргентинецот минатото лето си замина од Барселона по 21 година помината во тимот, но по преселбата во ПСЖ воопшто не се прилагоди и поради тоа често е критикуван од навивачите.

Медиумите шпекулираа за враќање во Барселона, но таквата опција категорично ја отфрли Лапорта.

„Ние градиме нов тим, со млади фудбалери. Меси сигурно нема да се врати како фудбалер. Дури не ја разгледуваме таа опција“, изјави Лапорта.

Меси го поддржа Лапорта во претседателската кампања, но овие зборови го налутиле Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавена снимка: Винчиќ за време на финалето на Светското првенство го молеше Меси само една работа (Видео)

Славко Винчиќ ја имаше честа да суди во финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и…