Дома Топ вести Меси и Де Јонг во опасност пред „Ел Класико“

Меси и Де Јонг во опасност пред „Ел Класико“

Лионел Меси и Френки Де Јонг се во опасност во случај на жолт картон со Ваљадолид да го пропуштат „Ел Класико“ во сабота.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Останаа уште шест дена до најголемиот натпревар во шпанскиот фудбал, а пред тоа утре Барселона ќе игра против Ваљадолид на „Камп Ноу“.

Пред овој натпревар за медиумите зборуваше стратегот на Барселона, Роналд Куман.

„Мораме да продолжиме со она што го правевме во последно време. Играчите се вратија на тренинзите со голем ентузијазам. Не размислуваме за противничките повреди. Мораме да играме енергично и со ритам“.

Додаде дека е свесен за опстаноста во која се Меси и Де Јонг, но за него тоа ризик кој во овој дел од сезоната е неминовен.

„Останаа уште 10 натпревари до крајот на сезоната и мораме во секој од нив да влеземе со најдобриот тим со кој располагаме“, изјави Куман.

Натпреварот помеѓу Барселона и Ваљадолид се игра во понделник од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Веќе е познат првиот фаворит за наследник на Слот, Ливерпул има само една желба!

Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо ексклузивно потврди дека Андони Ираола ќе бид…