Дома Фудбал Меси има супер статистика на отварањето на Ла Лига, но вечерва Барса ќе мора без него

Меси има супер статистика на отварањето на Ла Лига, но вечерва Барса ќе мора без него

Барселона вечерва од 21:00 часот ја отвара новата сезона во Ла Лига и Каталонците ќе бидат ослабени во овој натпревар.

Во Билбао ќе играат без Лионел Меси. Капитенот, најдобар играч и стрелец на Барселона пред десет дена заработи повреда и Ернесто Валверде нема да ризикува со клучниот човек додека не се опорави во целост.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неиграњето на Меси во првото коло ќе биде голем минус за Барселона, но и ситуација на која не се навикнати. Имено, тој стартот на Примера последен пат го пропуштил во 2009 година. Аргентинецот тогаш штотуку се опорави од повредата на коленото и бараше од тренерот Пеп Гвардиола да не игра за пет дена подоцна спремен да го дочека натпреварот од квалифицикациите за СП за Аргентина против Бразил.

Соиграчи на Меси во нападот тогаш му беа Златан Ибрахимовиќ и Бојан Кркиќ. Тие двајца тогаш и Педро Родригез играа против Спортинг Хихон. Изоставањето на Меси на тој ден беше брзо заборавен затоа што Барселона победи со 3:0 со головите на Кркиќ, Кеита и Ибра.

Но, во девет отварања на сезоната во Ла Лига после тоа Меси постигна дури 14 голови. Во тие девет натпревари постигна голови на седум од нив, на пет натпревари постигна два гола, а еднаш постигна хет-трик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…