Се ближиме до крајот на фудбалската сезона и прваците во многу првенства веќе се познати, но на индивидуално ниво сеуште ништо не е готово.
Барселона синоќа стана првак на Шпанија, претходно ПСЖ математички ја обезбеди титулата во Франција, Баерн во Германија, а Сити во Англија. Остана уште Јувентус да ја заврши работата во Италија и најсилните европски лиги ќе бидат комплетирани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Но, останува да ја следиме интересната борба меѓу двајца генијалци. Лео Меси или Мохамед Салах? И двајцата се први стренци во своите лиги и водат во вкупниот поредок за Златната копачка.
Салах против Стоук остана без погодок, додека Лео Меси постигна хет-трик против Депортиво во синоќешната победа од 4:2.
Салах моментално има 31 гол во Премиер лигата, а Меси 32 и е во предност за најдобар стрелец во Европа.
Меси има гол повеќе, но и два натпревари повеќе за играње во однос на Салах. Освен тоа, Салах може да биде суспендиран поради насилничко однесување и не е исклучено премиерлигашката сезона за него да биде завршена.
Ако добие Салах суспензија поради ударањето на противничкиот играч (погледнете ја оваа ситуација на видеото подолу), Меси официјално ќе ја добие наградата која Роналдо ја смета побитна од Златната топка.