Дома Фудбал „Меси е најинтелегентниот фудбалер во историјата“

„Меси е најинтелегентниот фудбалер во историјата“

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде истакна дека е воодушевен од Лео Меси, откако Аргентинецот синоќа постигна четири гола против Еибар на „Камп Ноу“.

„Меси е најинтелегентниот фудбалер кој некогаш сум го видел. Не знаете ни како, а тој само до некаде ќе се појави. Неверојатен е, не постојат зборови со кои може да се опише“, изјави Валверде.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Задоволни сме од двата последни меча, но ни останува и натпреварот со Џирона за успешно да ја комплетираме неделата. Еибар не беше лесен противник, иако така се чини според резултатот“, додаде тренерот на Каталонците.

Меси игра неверојатно од почетокот на сезоната и вече постигна девет гола во првите 5 кола во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…