Лионел Меси донел конечна одлука да ја напушти Барселона и тоа едногласно го тврдат скоро сите медиуми и познати новинари од Каталонија.
Оваа вест вчера ги шокираше сите љубители на фудбалот, посебно навивачите на каталонскиот гигант кои се уште не можат да поверуваат и бараат оставка на раководството.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија и дека оставка на Бартомеу би можела да биде причина Меси да ја промени одлуката, меѓутоа изгледа и тоа нема ништо до прани.
Новинарот Алфредо Мартинез тврди дека Лео повеќе нема никогаш да го облече дресот на Барселона и тоа нема да се промени за било што.
„За оние кои се надеваат дека нешто ќе се промени. Меси донесе одлука од која нема назад и тоа нема врска со Бартомеу. Дури и да си поднесе оставка Меси нема да остане. Тој повеќе нема никогаш да го облече дресот на Барселона. Тажно е, но тоа е вистината“, напиша познатиот новинар.
Para los que esperan con esperanza un cambio. Messi ha tomado una decisión irrevocable . No es un pulso a Bartomeu . Ni su dimisión frenaría ya la salida de Messi. No volverá a vestir la camiseta del Barcelona. Triste pero cierto @OndaCero_es
— Alfredo Martínez (@Alfremartinezz) August 26, 2020