Дома Фудбал Меси дебитира на крајот на август?

Меси дебитира на крајот на август?

Меси од неодамна е нов играч на ПСЖ и во овој клуб доаѓа со цел да му го донесе потребниот квалитет за конечно „светците“ да ја освојат Лигата на шампионите.

Тренерот Покетино располага со навистина фантастичен тим и тоа му носи притисок во секое натпреварување да оди на успех. Првата цел е да се врати трофејот во Лига 1 кој минатата сезона изненадувачки им го одзема Лил.

Меѓутоа за дебито на Меси изгледа навивачите ќе почекаат.

Според информациите од Париз Меси за првпат на теренот ќе се појави на гостувањето кај Ремс на 29. август. Клубот сака тој да се врати кога ќе биде целосно спремен и во максимална физичка форма.

ПСЖ ќе потсетиме без оштета ги доведе Рамос, Хакими, Донарума и Вајналдум, го платија само Хакими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…