Дома Фудбал Останато Меси: Два клуба се фаворити за Лигата на шампионите

Меси: Два клуба се фаворити за Лигата на шампионите

messi

Aргентинскиот фудбалер Лионел Меси има свои фаворити кога во прашање е освојувањето на Лигата на шампионите.

Иако е само ноември некои екипи со одличните настапи веќе истакнаа кандидатура за освојување на ова натпреварување, а Меси има два фаворити, иако не ги отпиша ниту останатите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Според мое мислење, Манчестер Сити и ПСЖ во овој момент се најдобрите клубови во Лигата на шампионите, но сезоната е долга. Исто така, никогаш не биго отпишал ниту Реал Мадрид, тоа е клуб со огромно искуство. После нив тука е и Баерн Минхен кој верувам дека ќе биде во игра до самиот крај“, изјави Меси.

Потоа Аргентинецот зборуваше и за италијанскиот фудбал.

„Италијанскиот фудбал не е на нивото на кое некогаш беше, а кога го кажувам тоа мислам на многу работи. Пример, двата италијански гиганти како Интер и Милан го немаат квалитетот од пред десет години, а сега дури не ни играат во Лигата на шампионите. Тоа многу влијае на фудбалот во Италија“, изјави Меси.

Аргентинецот потоа го прокоментира и Светското првенство, а според него фаворит е Германија.

„Мислам дека Германија е фаворит за освојување на Светското првенство. Освен нив тука се Бразил, Шпанија и Франција. Во овој момент тие се најдобрите репрезентации“, изјави Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри си најде алиби: Јавно „удри“ по тројца играчи на Јувентус!

Се поверојатно изгледа дека Масилијано Алегри наредната сезона нема да биде тренер на Јуве…