Дома Топ вести Меси го „боцна“ Бразилецот: Барселона е подобра без Нејмар!

Меси го „боцна“ Бразилецот: Барселона е подобра без Нејмар!

Лео Меси верува дека заминувањето на Нејмар од Барселона всушност ја подобрило играта на каталонскиот клуб, барем во одредени сегменти.

Нејмар ова лето ја напушти Барселона за рекордни 222 милиони евра и се пресели во Пари Сент Жермен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интресно, Барселона без Бразилецот оваа сезона игра фантастично и нема пораз на 17 натпревари.

„Заминувањето на Нејмар не примора да го промениме начинот на игра. Загубивме доста потенцијал во нападот, но таа промена беше добра за нашата одбрана. Моментално сме најдобро „наоружани“ во средниот ред, тоа ја прави нашата игра балансирана и посилна во одбраната“, истакна Меси.

Аргентинецот вчера и официјално го продолжи договорот со Барселона до 2021 година и во него има откупна клаузула од 700 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…