Дома Фудбал Останато Меси ги даде дресовите од Мундијалот на аукција

Меси ги даде дресовите од Мундијалот на аукција

Шест дресови кои Лионел Меси ги носеше за време на Светското првенство во Катар ќе се продаваат на аукција во декември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аукциската куќа „Сотби“ соопшти дека очекува над 10 милиони долари за оваа колекција на Аргентинецот, која ќе се продава до 14 декември.

На аукција ќе се најдат оние дресови што ги носеше Меси на натпреварите со Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска, и во финалето со Франција,

Најверојатно таа ќе стане највредната колекција на спортски сувенири продадена во историјата и ќе го надмине рекордот на Мајкл Џордан, чиј дрес од финалето во 1998 година беше продаден за 10,1 милион долари.

Дел од средствата ќе бидат донирани и за болница во која се лекуваат деца со ретки болести во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …