Дома Фудбал Останато Меси во видео разговор опцу позната интернет ѕвезда: Сега менуваш тема ку**ин сине? 🎥

Меси во видео разговор опцу позната интернет ѕвезда: Сега менуваш тема ку**ин сине? 🎥

Лионел Меси вчера ја доби својата осма Златна топка во кариерата со што веќе е далеку пред Кристијано Роналдо кој има пет.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси во изборот заврши пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, а секако најголема причина за тоа е освоениот Мундијал со Аргентина.

Во таква ситуација Меси секако беше одлично расположен, па имаше интересен разговор со познатиот шпански стример Ибаи Лијанос кој претходно откри што се допишувал со фудбалерот. Шпанецот во претходниот свој стрим раскажа за што се допишувал со Меси.

„Лут сум на тебе Ибаи. Не ми се допаѓа тоа што јавно ги откри нашите приватни пораки. Знаеш ли ти што е приватност“, го запраша Аргентинецот во вклучувањето на Твич.

Ибаи се обиде да се извлече кажувајќи дека ги замаглил, но тоа не му помогна многу.

„Па што? Не ги покажа, расакажа се што кажав. Не ми се допаѓа тоа, следниот пат нема да ти одговорам. Ќе те оставам на „seen““.

Веднаш потоа Ибаи го запраша за „Златната топка“, Меси беше спремен и за тој одговор.

„Златната топка? Сега менуваш тема ку**ин сине“, со насмевка му возврати Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дембеле ги запали сите аларми пред финалето во ЛШ

Париз Сен Жермен е во големи проблеми пред финалето на Лигата на шампиони против Арсенал, …