Дома Фудбал Останато Меси влегол во жестока расправија со противничкиот тренер

Меси влегол во жестока расправија со противничкиот тренер

Aмериканскиот Интер Мајами беше поразен од мексикански Монтереј со 2:1 на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во КОНКАКАФ.

Интер успеа да поведе, но откако во 65. минута беше исклучен играчот од средниот ред Давид Руиз, гостите го свртеа резултатот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реваншот е закажан за 11 април во Мексико. Поради проблемот со задната ложа, која ја влече веќе еден месец, Меси не го водеше Интер на теренот, туку мечот го следеше од шеснаесетникот, а шпанскиот „Диарио Ас“ пишува дека легендарниот Аргентинец бил многу незадоволен со судењето.

Според нивните тврдења, делегацијата на Интер Мајами, во која биле Меси, Луис Суарез, Тата Мартино и Жорди Алба, по натпреварот им приговарале на судиите, а потоа се судриле со ривалскиот персонал во тунелот. Наводно најмногу се судриле Меси и помошниот тренер на гостите Нико Санчез, а КОНКАКАФ веќе покрена истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…