Лионел Меси е во одлична форма, а практично сам го исфрли Челзи од Лигата на Шампионите.
Аргентинецот го постигна изедначувачкиот гол на „Стемофрд Бриџ“ и така веќе го отвори патот до четвртфиналето. Сепак, најдоброто го направи на реваншот, кога со два гола и асистенција ги исфрли „Сините“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Освен на теренот, Меси е шеф и надвор од него. Тоа повеќе не е тајна, па управата на Барса најпрво се консултира со него, кога сака да доведе некој играч. Шпанскиот „Don Balon“ пишува дека Аргентинецот бил воодушевен во двата натпревари од игрите на играчот на Челзи, Маркос Алонсо. Одличниот Шпанец беше член на Реал, но тоа на еден од најдобрите фудбалери во светот не му смета.
Меси наводно смета дека Алонсо одлично би се вклопил во формацијата на Барса, а би претставувал квалитетна замена за Жорди Алба и Аргентинецот на лето ќе инсистира да се доведе бекот на Челзи. Исто така, би можел по потреба да ја покрие и позицијата лево крило и ќе биде интересно дали на лето ќе дојде до трансферот.