Дома Фудбал Меси вечерва слави голем јубилеј

Меси вечерва слави голем јубилеј

Барселона вечерва ќе игра многу важен натпревар „Камп Ноу“ против Борусија Дортмунд во 5. коло од Лигата на шампиони.

После четири кола, Каталонците имаат две победи и две нерешени, но во последниот натпревар направија кикс и одиграа 0-0 против Славија Прага, па сега се во опасност да останат без нокаут фазата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што е важно за Барселона е дека Лионел Меси, кој имаше проблеми со повреда на почетокот на сезоната, вечерва ќе настапи, што значително ги зголемува шансите каталонскиот тим да стигне до победата.

Меси е во одлична форма откако се опорави и постигна 11 гола на последните девет натпревари, а вечерва ќе има и својот јубилеј.

Аргентинецот ќе го одигра својот 700. натпревар во дресот на Барселона и со тоа ќе му се доближи на Чави кој го држи рекордот со 767 настапи за каталонскиот тим.

Лионел Меси своето деби за првиот тим на Барселона го имаше пред 16 години и оттогаш постигна 612 голови на 699 ​​натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…