Во натпреварот кој вечерва привлекуваше повеќе внимание Реал Мадрид ја совлада Аталанта со 0:1.
Ретко кој очекуваше дека на Реал Мадрид ќе му оди тешко посебно откако Аталанта остана со играч помалку во 18. минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менди тргна кон голот на Аталанта, а Фраулер му влезе во движењето. Главниот судија на натпреварот процени дека ова е ситуација е доволна за да му покаже црвен картон. Немаше реакција од ВАР па одлуката не се промени
Red card to Freuler from Atalanta at minute 17 that he plays against Real Madrid in the Champions League. pic.twitter.com/TWidMpIuY1
— Aike 아이케 (@Aike_007) February 24, 2021
Во продолжение од натпреварот Реал нападна, Аталанта се бранеше сепак, не беше тоа така силен притисок. Иако излгедаше дека Аталанта е на добар пат да одигра 0:0 на пет минути до крајот нивната одбрана попушти. Човекот кој го изнуди црвениот картон, Менди шутираше од oколу 20 метри и го совлада Голини.
Maнчестер Сити вечерва продолжи со добрата форма и не дозволи изненадување на гости во Германија против Борусија Менхгладбах. Избраниците на Гвардиола дојдоа до победа од 0:2.
Од самиот почеток „граѓаните“ ја наметнаа својата игра и не дозволуваа домаќините сериозно да се закант. Таквата игра им се исплатеше во 29. минута кога по нафрлувањето на Кансело Бернардо Силва со глава ја смести топката во мрежата. Конечните 0:2 ги постави Габриел Хесус на половина час до крајот на натпреварот.
Ова секако е одлична предност за Сити пред реваншот во Англија и гледајќи ја формата на „граѓаните“ треба да се случи чудо за тие да не играат во следната фаза.