Реал Мадрид е во потрага по засилување на десната бековска позиција, а менаџерот Жорге Мендеш му нуди интересно решение.
„Дефенса Сентрал“ објави дека Мендеш на Реал Мадрид му го понудил Жоао Кансело кој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кансело беше важен фудбалер за Манчестер Сити пред почетокот на оваа сезона, но замина откако влезе во конфликт со Пеп Гвардиола.
Португалецот не се снајде најдобро во Баерн и е во потрага по нов клуб, а Мендеш му го нуди на Реал.
„Кралевите“ се во потрага по десен бек, кој следната сезона ќе биде алтернатива за Карвахал, а Кансело има искуство во Примера.