Дома Топ вести Мендеш го носи Хамес Родригез во Милан

Мендеш го носи Хамес Родригез во Милан

Милан е во потрага по плејмејкер после заминувањето на Чалханоглу, а италијанските медиуми откриваат дека Малдини започнал преговори со Хамес Родригез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбиецот сака да го напушти Евертон после заминувањето на Анчелоти и сака да игра во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.

Неговиот менаџер, Жорге Мендеш имал средба со Малдини и им го понудил Хамес Родригез на „росонерите“.

Со оглед на фактот дека неговиот договор истекува следното лето, цената не е голема и Евертон е спремен да го пушти за 15 милиони евра.

Исто така „карамелите“ се силно заинтересирани за напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, па можно е да дојде до размена помеѓу двата клуба така што „росонерите“ да добијат додатни 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…