Ансу Фати важеше за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но има уште една слаба сезона за Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фати оваа сезона запиша само 16 настапи, но скоро сите беа само од клупите за резерви и вкупно на теренот помина околу 500 минути.
Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона и веќе почнал да му бара нов клуб.
Мендеш веќе го понудил Фати на четири клуба од Премиер лигата, меѓу нив и Манчестер Јунајтед, кој минатото лето покажа интерес за талентот.
На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.
Каталонскиот клуб е спремен да го продаде, а за неговата слобода бара 50 милиони евра.