Репрезентациите на Шпанија и Русија за нешто малку повеќе од еден час ќе ја стартуваат средбата од осминафиналето на СП во Москва.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова ќе биде четврти дуел на споменатите репрезентации на големите натпреварувања, а Шпанија во изминатите три средби славеше против селекцијата на домаќинот.
Денес „Црвената Фурија“ исто така е голем фаворит без оглед на тоа што првенството се игра во Русија, а на Твитер во овие моменти можат да се најдат некои фотографии од една од нивните меѓусебни средби.
Станува збор за Европското првенство 2004. година во Португалија, кога Русија и Шпанија се сретнаа во групата, а Шпанија славеше со 1:0.
Секако денес, 14 години подоцна, убаво е да се присетиме како тоа некогаш изгледаше, а една фотографија од тунелот пред мечот ќе ви разбуди сеќавања на Пујол, Раул, Мориентес и Ечиберија.
Исто така, еден поглед на трибините ќе ве потсети и на тоа како Роман Абрамовиќ изгледаше како 37-годишник.


