Кошаркарите на Портланд го победија на гости Чикаго со 117:94.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Портланд полесно од очекуваното успеа да запише победа на гости кај Булси и така дојдоа на скор од 12 порази и шест победи.
Тема на денот е неверојатниот Кармело Ентони кој се врати во НБА после повеќе од една година. За него во јавноста се зборуваше дека нема што повеќе да бара во најсилната лига во светот, но тој ги демантираше на најдобар можен начин.
Ентони го предводеше Портланд до триумф. Ветеранот постигна 25 поени, а се истакна и со едно спектакуларно забивање. Критичарите зборуваа дека не е во форма и не може да скокне колку што е потребно, што ќе кажат после овој настап на Мело?
TWO TO THE DOME @carmeloanthony | #RipCity pic.twitter.com/PzfMUzKMCV
— Portland Trail Blazers (@trailblazers) November 26, 2019