Дома Останати Мекгрегор пред борбата со Поарје: Едвај чекам да се борам без публика

Мекгрегор пред борбата со Поарје: Едвај чекам да се борам без публика

Конор Мекгрегор пред себе има голема броба. Во ноќта помеѓу сабота и недела Конор ќе се бори против Дастин Поарје, а со евентуална победа веројатно би добил шанса да го врати појасот во лесна категорија.

Пред борбата со Поарје Ирецот одговораше на различни прашања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со оглед на тоа дека е многу популарен една новинарка ја интересираше како ќе му биде да се бори во празна арена.

„Едвај чекам да се борам без публика. Сакам да се слушне колку сум силен и прецизен, бучавата од публиката тоа го крие. Сега единствениот звук ќе бидат ударите“, изјави Конор.

Познато е дека парите и тоа како го интересираат, меѓутоа постои нешто што повеќе го мотивира.

„Не е се во парите. Јас сум тука да креирам хајлајтс. Испаѓа како да е се во парите и појасите, но тие доаѓаат и си заминуваат. Хајлајтсите се нешто што останува засекогаш“, порача Конор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…