Конор Мекгрегор е еден од најпопуларните спортисти во светот и заработи огромна сума напари, како од борбите, така и од бизнисот со неговото виски.
Неговата вредност се проценува на 78 милиони фунти, но интересно е што Мекгрегор не троши скоро ништо на скапоценостите кои ги поседува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причината е сосема јасна – неговата популарност. Познатите брендови му поклонуваат облека и автомобили, па така Ирецот може максимално да ужива во животот.
„Звучи чудно, но Конор всушност не троши премногу пари. Платен е да ја носи облеката, платено му е да го вози секој автомобил кој го поседува. Во ресторани многу ретко оди, бидејќи сака неговата сопруга да му готви. Тој е навистина семеен човек“, изјави неговиот тренер Џон Каванаг.
Ирецот заработи повеќе од доволно и уште сега може да се повлече од ММА, но засега тоа не го сака и има желба да одработи уште неколку борби со големите ривали.
View this post on Instagram
Great things come through sacrifice! Keep grinding people, happy Saturday! #7days