Според медиумите во Италија тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри има посебна желба да види еден играч во својот тим за наредната сезона.
Наводно, Италијанецот побарал од управата на Јувентус да му биде доведен фудбалерот на Милан, Џакомо Бонавентура.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Медијасет Премиум“ пренесува дека „старата дама“ подготвила 25 милиони за фудбалерот кој се препороди оваа сезонаа на „Сан Сиро“ под водство на Гатузо. Се пишува и дека доведувањето на Боновентура е и еден од главните услови за Алегри да биде тренер на Јувентус и следната сезона.
Алегри смета дека Бонавентура би донел свежина и разновидност во средниот ред. Овој фудбалер во Милан настапува од 2014 година кога во последниот ден од преодениот рок натпревари трансфер од Аталанта за сума од седум милиони евра.
Оваа сезона постигна осум погодоци и забележа две асистенции на 43 настапи во црвено-црниот дрес.