Дома Топ вести Медиумите и Европа во ТРАНС: Одамна не е забележан фудбалер како Елиф Елмас

Медиумите и Европа во ТРАНС: Одамна не е забележан фудбалер како Елиф Елмас

Европско лудило во битка за нашиот репрезентативец, Елиф Елмас тресе деновиве. Великаните како Манчестер Сити, Бенфика и дел од хрватските екипи се во трка по неговиот потпис.

Нашата младинска репрезентација испиша историја откако како прва селекција обезбеди пласман на Европското првенство во Полска и се испречи пред квалитетниот состав на Франција во квалификациите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа она што може да го оправда квалитетот на македонската репрезентација дополнително е името на Елиф Елмас кој ја потресе Европа која на големо се бори за неговиот потпис.

Елмас кој има 17 години докажа дека е рамноправен на теренот со своите ривали кои се постари и поискусни од него. Младиот македонски интернационалец, беше факторот кој доведе до пресврт во играта на нашата селекција, а селекторот Милевски во секој од трите меча на континенталниот собир во Полска му даде шанса.

Секако тоа не им побегна од поглед на скаутите на сериозните европски екипи. Офанзивниот играч на Работнички стана атрактивен на фудбалскиот пазар и се чини не постојат шанси тој да остане во Скопје и следната сезона. За Елиф се заинтересирани Бенфика и Манчестер Сити.

Херенвен одамна е заинтересиран за него и му нуди шанса да заигра во Холандија. Хрватските ривали пак, Динамо и Хајдук се исто така на листата екипи кои го посакуваат во своите редови, но изгледа најпримамлива понуда притистигна од турски Галатасарај.

Турскиот гигант е подготвен да го даде и дресот со број 10 кој всушност има митски статус во нивниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…