Дома Фудбал Медиумите ги распарчија Италијанците: „Сите заминувајте“, „Смрт во Милано“, „Апокалипса“…

Медиумите ги распарчија Италијанците: „Сите заминувајте“, „Смрт во Милано“, „Апокалипса“…

Нема многу нации кои еуфорични ја следат фудбалската репрезентација како Италијанците. Тамошните медиуми ги испратија „аѕурите“ на мечот против Шведска полни со поддршка и вера дека ќе се пласираат на Мундијалот.

Сепак, Шведска успеа да се одбрани на легендарниот „Сан Сиро“, ја зачува предноста од првиот натпревар и се пласира на Светското првенство каде Италија нема да биде прв пат после 60 години.

Италијанските репрезентативци во неверување и солзи веднаш попаднаа на тревникот, а медиумите со кратки и јасни наслови го испратија дебаклот на репрезентацијата.

Најбрутален беше „Кориере дело Спорт“ кој излезе со голем наслов: „Сите заминувајте“.

„Крај“, стои на насловната страна на „Газета дело Спорт“, додека на третата страна стои насловот „Апокалипса“.

Весниот „Либеро“ на својата насловна страна го стави Вентура со наслов: „Смарт на Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Црвен или само жолт? Стартот на Диоп ги подели мислењата по ремито во Ипсвич

Иса Диоп остана на теренот по стартот врз Џејмс Мекати во ремито 1:1 меѓу Ипсвич и Нотинге…