Дома Останати Тенис Медведев: Илјадници Шпанци се дереа, претпоставувам дека беа очајни!

Медведев: Илјадници Шпанци се дереа, претпоставувам дека беа очајни!

Со победата против Карлос Алкараз, ДАНИЛ МЕДВЕДЕВ се пласираше во финалето на УС Опен каде ќе се обиде да ја освои титулата над Новак Ѓоковиќ.

Третиот носител на УС Опен го победи бранителот на титулата и прв носител Карлос Алкараз со 7:6(3), 6:1, 3:6, 6:3 и стигна до финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот тенисер одигра одличен меч против Алкараз и големиот број навивачи кои го туркаа 20-годишниот Шпанец во ново финале.

Токму за нив зборуваше Медведев по победата која му даде можност да ја освои втората грен слем титула. Да потсетиме дека единствено го освои УС Опен во 2021 година.

„Публиката беше неверојатна денес, апсолутно неверојатна. Единствениот проблем беа 1.000 Шпанци кои почнаа да викаат помеѓу мојот прв и втор сервис при 5:3 во четвртиот сет. Не беше убаво, но претпоставувам дека беа очајни“, рече Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…