Дома Македонски спорт Медалот не бил случајност: И сестрата и братот на Георгиевски се шампиони во таеквондо!

Медалот не бил случајност: И сестрата и братот на Георгиевски се шампиони во таеквондо!

Дејан Георгиевски денес пристигна во Скопје после големиот успех на олимписките игри каде што освои сребро.

Откако пристигна во Скопје тој и неговиот тим, заедно со првиот човек на АМС Наумче Мојсовски одржаа прес-конференција. На оваа прес-конференција тренерот Дарко Костовски посочи дека таеквондото како спорт има голема идина. Посебно се задржа на семејството на Георгиевски.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Сестрата на Дејан Георгиевски, Ана Марија Георгиевски го има постигнато најголемиот успех во јуниорска конкуренција во самостојна Македонија, донесе бронзен медал од јуниорско првенство, брат му е балкански шампион во таеквондо и тоа треба да се знае“, истакна Костовски набројувајќи уште неколку имиња кои во иднина можат да донесат успеси и медали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…