Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кога Ето ја даде својата прогноза за Мундијалот сите го сметаа за луд

Кога Ето ја даде својата прогноза за Мундијалот сите го сметаа за луд

Подобро упатените во фудбалот знаеа да кажат дека Мароко има солидна репрезентација, меѓутоа најмногу од сите во оваа репрезентација веруваше легендарниот Камерунец, Самуел Ето.

Ето пред првенството во Катар изјави дека во финалето ќе играат Мароко и Камерун.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Камерун сигурно нема бидејќи испадна уште во групната фаза, а пред селекцијата на Мароко има уште една пречка, но таа пречка е актуелниот светски шампион Франција.

„Мароко и Камерун ќе го играат финалето“, изјави поранешниот напаѓач на Интер на почетокот од минатиот месец, тврдејќи дека Мароканците ќе поминат покрај Шпанија, Португалија и Франција на патот до финалето, а неговата земја ќе стигне таму преку Белгија, Сенегал. .. Погоди за Мароканците кои навистина направија чудо.

Ја поминаа групната фаза, а потоа следуваа Шпанија и Португалија кои минимално ги совладаа со 1:0.

Сега ги чека Франција и се е можно за 90 минути. Мароканците освоија бројни симпатии и секако се полни со самодоверба и мотивација да го продолжат своето неверојатно патување.

КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПРОГНОЗАТА НА ЕТО ЗА МУНДИЈАЛОТ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…