Дома Фудбал Франција Мбапе сепак не потпишал со ПСЖ на три години?!

Мбапе сепак не потпишал со ПСЖ на три години?!

Шпанска „Марка“ повторно го става Килијан Мбапе во центарот на вниманието.

Мбапе игра одлична сезона и со Нејмар изгледа ќе бидат во трка за најдобар стрелец во Лига 1, а сезоната во Лигата на шампионите ја започна со два гола против Јуввентус (2:1).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


23-годишникот кон средината на мај оваа година потпиша нов договор со ПСЖ, подоцна се објавуваа и детали од новата соработка помеѓу Французинот и клубот од Париз. Меѓутоа „Марка“ сега тврди дека во договорот имало промена.

Според информациите на овој медиум иако на големо беше претставено дека Мбапе потпишал до 2025 година, сепак неговиот договор наводно е до 2024 со опција за продолжување на уште една. Околу таа една година се прашува само Мбапе, ПСЖ нема моќ да му го продолжи ако тој не сака.

Со оглед дека две години не се и така долг период, а веќе за неколку месеци би влегол и во последната година од договорот Флорентино Перез и Реал Мадрид можеби повторно ќе се решат да тргнат по неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Проблем за Саутгејт: Англија остана без еден голман за Европското првенство

Голманот на Кристал Палас, Сем Џонстон нема да може да конкурира за репрезентацијата на Ан…