Вчера репрезентацијата на Франција го обезбедси пласманот на Светското првенство во Катар 2022 година каде што ќе ја брани титулата.
Франција го декласираше Казахстан со 8:0, а во центарот на вниманието се најде напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе. Мбапе постигна четири гола и се запиша во репрезентативната историја.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тој стана првиот Французин кој постигнал хет-трик на официјален натпревар после Доминик Рошето уште во 1985. Исто така тој е единствениот Французин од 1958 година кој постигна четири или повеќе гола на еден меч. Во споменатата 1958 година голем подвиг направи Жост Фонтен.
Франција на едно коло пред крајот на квалификациите за СП има 15 бодови, четири повеќе од Финска која е второпласирана.
4 – Kylian Mbappé is the first player to score 4+ goals with France since Just Fontaine in June 1958 against West Germany (also 4). Sniper. #FRAKAZ pic.twitter.com/p1vETQ16pA
— OptaJean (@OptaJean) November 13, 2021