Дома Топ вести Мбапе објасни зошто го избра ПСЖ пред Реал

Мбапе објасни зошто го избра ПСЖ пред Реал

Килијан Мбапе минатата недела беше претставен како ново засилување на ПСЖ, иако речиси целиот трансфер период се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој стана вториот најскап фудбалер во светот, со тоа што Парижаните на Монако ќе им исплатат 180 милиони евра, а 18-годишниот објасни зошто го избра ПСЖ, а не Реал Мадрид (за кого во една прилика изјави дека навива уште од детството).

„Големите играчи прават големи резултати во земјата. Да ја напуштев Франција по само шест месеци, би бил вечна надеж. Кога ќе дојдете во Париз, во клубот со амбиции да станете најдобар во светот, играте во сите можни натпреварувања“, изјави Мбапе за „Telefoot“.

„Ќе дадам се од себе да направам големи резултати со ПСЖ. Да играте со Нејмар е нешто неверојатно, ПСЖ ме интересираше, а трансферот на Нејмар таму е само дополнителен мотив“, додаде Мбапе, најголемата тинејџерска ѕвезда.

Мбапе така сигурно ќе биде стартер во ПСЖ на сите натпревари, додека во Реал би морал да се бори со Бејл и Асенсио за своја позиција, со веќе стандардните Роналдо и Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…