Дома Фудбал Останато Мбапе: Не ме интересира колку сум платен, не се парите од мој џеб!

Мбапе: Не ме интересира колку сум платен, не се парите од мој џеб!

Килијан Мбапе денес и официјално беше претставен како нов играч на Пари Сент Жермен, откако „светците“ се согласија за него да платат 180 милиони евра.

Мбапе меѓутоа тврди дека парите не се пресудни за изборот на новиот клуб и истакна дека големата цена платена за него нема да му врши голем притисок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не ми е важно колку сум платен, дали едно евро или 180 милиони. Тие пари не се од мојот џеб. Дојдов во ПСЖ поради проектот кој го има клубот, но и Париз е мојот дом“, истакна Мбапе.

„Посакувам трофеи, сакам да освојам што е можно повеќе трофеи. Стигнав во клуб каде нема целото внимание да биде свртено кон мене. Разговарав со тренерот и јасно ми кажа каде ќе биде моето место во тимот“, додаде младиот Французин.

Своето официјално деби Мбапе ќе го има веќе во петок, кога ПСЖ му гостува на Мец во рамките на 5-то коло од Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…