Поранешниот фудбалер и спортски директор на Пари Сен Жермен, Леонардо имаше порака до Килијан Мбапе кој повторно е во центарот на вниманието на преодниот рок.
Мбапе соопшти дека нема да го продолжи договорот кој му истекува идното лето, а од ПСЖ му порачаа дека единствен услов и наредната сезона да игра во Париз е да го продолжи договорот за да не си замине бесплатно.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Засега е неизвесно каква ќе биде иднината на францускиот напаѓач, како фаворит за неговиот потпис повторно се истакнува Реал Мадрид. Леонардо сега испрати порака до Мбапе дека никој не е поголем од клубот, па ниту тој.
„ПСЖ постоел пред Мбапе и ќе постои по него. Во Париз е шест години и во тој период пет клубови ја освојуваа Лигата на шампионите и никој од нив го немаше својот тим, што значи никој играч не е клучен за освојување на трофејот во ова натпреварување.
За доброто на ПСЖ мислам дека е време да си замине, без разлика како ќе се одрази тоа. Во изминатите години покажа дека не е лидер и дека не може да биде. Голем стрелец, но не и креативец, тешко може да изградите тим околу него“, изјави Леонардо.