Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ како слободен агент, а очекувањата се дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Медиумите во Франција пишуваат дека Мбапе не е импресиониран со начинот на игра на „кралевите“ под водство на Карло Анчелоти и поради тоа може да се предомисли.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ле Паризиен“ објави дека Мбапе побарал од Флорентино Перез да го промени тренерот, а како идеално решение го посочил Јирген Клоп.
На Французинот му се допаѓал стилот на игра кој го форсира Јирген Клоп и сака да работи со Германецот, а германските медиуми не ја исклучуваат можноста поради тоа да го избере Ливерпул како следна дестинација.