Дома Фудбал Мбапе: Жал ми е, сакав да помогнам

Мбапе: Жал ми е, сакав да помогнам

Франција беше елиминирана од Швајцарија на пенали во осминафиналето на Европското првенство.

Регуларниот дел и продолженијата завршија 3:3, а Швајцарија во пенал серијата победи со 5:4. Трагичар беше Килијан Мбапе кој го промаши петтиот пенал.

Швајцарија во четвртфиналето во петок од 18:00 часот ќе игра против Шпанија која претходно ја победи Хрватска со 5:3.

„Жал ми е поради пеналот. Сакав да помогнам, но не успеав. Сега ќе биде тешко да заспијам. За жал се случуваат вакви работи, тоа е спортот кој го толку многу сакам. Навивачи, знам дека сте разочарани, но сакам да ви се заблагодарам на поддршката“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…