Францускиот напаѓач Килијан Мбапе синоќа даде три гола на гостувањето кај Барселона.
ПСЖ убедливо славеше во првиот натпревар (1:4) од осминафиналето во ЛШ и Каталонците треба да направат чудо доколку сакаат да се пласираат понатаму.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе со хет-трикот го реши прашањето за победникот, а интересно е што тој е само третиот играч кој во ЛШ на Камп Ноу постигнал хет-трик.
Претходно тоа им успеало само на Фаустино Асприља во дресот на Њукасл и Андриј Шевченко во дресот на Динамо, и интересно, двајцата постигнале хет-трик во 1997. година.