Реал не ја започна добро оваа сезона, дури дојдоа до тоа еден натпревар да го дели Зидан од сериозно загрозување на позицијата во клубот.
Победата против Галатасарај ги смири страстите, меѓутоа, она што е проблем е што нема напредок во играта. „АС“ пишува дека Зидан не е сигурен и дека Мурињо ги ставил своите преговори со Дортмунд на чекање, надевајќи се на повик од Перез. Имено, тој наводно, кога го одби Лион, на претседателот му рекол не е прашање дали ќе си оди во Мадрид, туку кога.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дали да веруваме на овие приказни?
Она што се укажува на желбата на Перез дека новата деценија ќе биде нов почеток и дека упорно одбива да преговара околу Погба, бидејќи тоа ќе ја затвори вратата на Мурињо. Шпанските медиуми пишуваат дека единствена цел на Реал следното лето е Мбапе. Ако не го продолжи договорот, ПСЖ ќе го продаде, се разбира за светски рекорд, а Реал ќе биде прв клуб со кого Парижаните ќе преговараат, имајќи во предвид одлични односи.
Имено, Перез смета дека 300 милиони евра би биле доволно да понудат на ПСЖ, во Реал веруваат дека тој е способен да го замени Роналдо. Клучот ќе биде во ставот на Мбапе на кого ПСЖ нуди 50 милиони евра по сезона и тоа не може да го добие никаде. Јасно, Реал има предност, но и проблем со платата кој би можел да ја стопира целата работа.
Мбапе со „Светците“ ќе гостува на „Бернабеу“, нема сомнеж дека навивачите топло ќе го пречекаат во желба да ги охрабри и да потпише за Реал.