Луис Ферер денес има агенција за застапување фудбалери, а пред четири години како оперативец на ПСЖ беше најзаслужен за успехот на драматичната операција за доведување на Килијан Мбапе.
Сега за „Ас“ Ферер откри детали од тој трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Спортскиот директор, Антро Енрике и јас дојдовме во летото 2017 година во станот на семејството Мбапе во квартот во Париз, Бонди. Нашата цел беше да го убедиме да потпише за ПСЖ. Му кажав: Остани овде, Париз е твој град, а Светското првенство е многу брзо. Ние ти гарантираме дека ќе бидеш стартер, а во Реал знаеш дека тоа ќе биде тешко покрај Роналдо, Бензема и Бејл. Остани кај нас уште три-четири години, па потоа направи трансфер од соништата“.
Ферер сведочеше колку била силна желбата на Мбапе да заигра за Реал.
„Додека траеше разговорот морав да одам до тоалет. Кога влегов во тоалетот затекнав ситуација каква што не се надевав. Дури и во таа просторија на ѕидовите имаше постери од Реал. Го повикав Антеро да види што има. Eте, во такви околности го убедивме да не избере нас пред Реал Мадрид“.
Ферер откри и дека голема улога одиграл тогашниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери.
„Тој исто така дојде кај него дома и му вети – дојди во ПСЖ и веднаш ќе ми бидеш клучен играч. Морате да знаете дека Мбапе во тоа време беше само преспективен тинејџер и не беше баш лесно да ветите такво нешто“, раскажа Ферер.
Сега, кога договорот на Мбапе истекува на крајот од сезоната, напаѓачот е многу блиску до трансфер во Реал Мадрид и очекувањата се дека тој ќе се реалзира.