Еминентниот шпански весник „Марка“ ексклузивно открива дека Килијан Мбапе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
„Марка“ пишува дека напаѓачот го известил раководството на ПСЖ дека нема да го продолжи договорот и дека е време за нови предизвици во неговата кариера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мбапе влезе во последната година од договорот, но го известил раководството дека нема намера да го продолжи договорот. Младиот Французин донел одлука кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.
Сепак, ПСЖ не размислува за продажба на Мбапе ова лето, дури и по цена следната година да го загуби без обештетување.