Килијан Мбапе ова лето го комплетираше трансферот во Реал Мадрид, но според последните информации би можел да започне „војна“ со Пари Сен Жермен.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мбапе се уште нема добиено дел од парите заработени во ПСЖ во последните три месеци од договорот со парискиот клуб, но и дел од договорениот бонус.
Неговиот однос со парижаните веќе не е толку добар, па реши да го потсети поранешниот клуб на свој начин – со тужба.
Претходно беше објавено дека Мбапе не ја добил платата за април, мај и за јуни и дел од бонусот од 80 милиони евра, ветени за потпишување на продолжувањето на договорот.
Адвокатскиот тим на Мбапе за ова ги известил УЕФА, Француската фудбалска федерација (ФФФ) и раководството на лигата. Наводно, побарувањата на новиот играч на Реал против стариот клуб изнесуваат 55 милиони евра.
Она што може да биде најлошо за ПСЖ е дека доколку бидат прогласат за виновни, а тоа е речиси неодминливо, францускиот клуб се соочува со ризик да биде исфрлен од Лигата на шампионите.