Дома Топ вести Мбапе: Го прашав Дембеле дали Меси ме гледа и дали тоа го прави намерно

Мбапе: Го прашав Дембеле дали Меси ме гледа и дали тоа го прави намерно

Талентираниот француски напаѓач Калијан Мбапе го обожава Лионел Меси.

Мбапе со игрите во Монако и во ПСЖ покажа дека ќе биде еден од најдобрите фудбалери на светот во иднина, но засега овие награди главно се резервирани за многу постариот Лионел Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мбапе даде интересна изјава, велејќи дека го прашал согирачот од француската репрезентација и напаѓач на Барселона, Оусман Дембеле дали Меси гледал некои од неговите погодоци оваа сезона, бидејќи колку и да постигне погодоци, Аргентинецот го надминува.

“Знам дека Меси ме гледаше. Минатата година бев во можност да се борам за Златната копачка, но Меси беше секогаш пред мене. Ако јас постигнев два гола, тој ќе постигнеше три, ако постигнев три, тој ќе постигнеше четири. Тоа е лудо. Толку лудо што го прашав Оусман Дембеле. Не е можно, дали тој го прави тоа намерно? “ – низ смеа раскажува Мбапе.

Меси минатата сезона постигна 34 голови на 34 натпревари, додека Мбапе постигна 33 гола на 29 натпревари и не успеа да ја освои престижната награда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…