Дома Фудбал Германија Мајнц го раскина договорот со играч кој испрати поддршка за Палестина

Мајнц го раскина договорот со играч кој испрати поддршка за Палестина

Германскиот клуб Мајнц го раскина договорот со фудбалерот Ануар Ел Гази, откако тој јавно и даде поддршка на Палестина во конфликтот со Израел.

Холанѓанецот беше отстранет од тимот во октомври откако даде коментар на социјалните мрежи, но потоа се врати на тренинзите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Ел Гази пред два дена публикуваше нов коментар.

„Јас сум против војната и насилството.  Јас сум против тоа да се убиваат невини деца. Јас сум против исламофобијата. Јас сум против антисемитизмот, против геноцидот и против апартхејдот“, истакна фудбалерот.

Мајнц сепак се одлучи на радикален чекор и го раскина договорот со 28-годишниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Белингам: Овој натпревар е се или ништо за нас, играме за да го спасиме сезоната

Сите во Реал Мадрид се свесни дека можат да ја спасат сезоната само ако го надоместат заос…