Фудбалерот на ПСЖ денес крена голема прашина во француската јавност. Имено, откако не се најде на списокот патници во Русија, доби место на списокот резерви и не беше посебно воодушевен.
Покрај Рабиот во „Б“ екипата се најдоа Александар Лаказет и Ентони Марсијал, а од друга страна целосно изоставен беше Димитри Паје.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа секако беше големо изненадување за сите љубители на фудбалот во Франција, со оглед на тоа што предводникот на Марсеј е веројатно најголемиот фудбалски мајстор кој Франција го има во овој момент.
Паје беше еден од клучните играчи на Франција на Европското првенство во 2016 година, а оваа година својот Марсеј го одведе до финалето во Лигата на Европа.
Револтирана од одлуката на Паје беше и мајката на фудбалерот која денес се огласи во јавноста и откри дека Дешам претходно не го известил Паје.
„Не, не го извести. Дозна преку ТВ како и останатите, додека беше со семејството“, порача мајката на фудбалерот.
Набрзо следуваше и одговор од Дешам.
„Морав да ја соопштам листата од 23 имиња, имав и уште многу обврски, а немав многу време и за несреќа на Димитри не стигнав да му ја соопштам одлуката“, кратко порача селекторот на Франција.