Машката ракометна репрезентација на Македонија конечно одигра еден добар натпревар, па во последното коло од групната фаза ја совлада Србија, со резултат 31:29 (16:15).
Денеска видовме една поинаква Македонија, која имаше целосна контрола во текот на целата средба. Во првото полувреме и се заканивме на Србија со катастрофа, бидејќи по 20-тина минути имавме огромни +7 гола, 15:8. Но, следеше период на криза, па на одмор заминавме со минимални 16:15.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На почетокот од второто полувреме повторно направивме комотна предност од 4 гола, која ја задржавме скоро до крајот на овој натпревар, кој на крајот сепак заврши со резултат 31:21.
Оваа победа само до некаде го поправи лошиот впечаток од претходните средби со Турција и со Египет и не не тргна од последното место во групата. Македонската машка репрезентација со ова го заврши настапот во Тарагона, па сега остана да навиваме за нашиот женски колектив, кој забележа две победи од две средби.
.
Македонија – Србија 31:29 (16:15)
Македонија: Томовски, Даниловски, Манасков 0/1, Андоновски 2/3, Кузмановски 5/9, Крстевски 1/1, Ојлески 3/6, Петров 4/5, Велковски 1/1, Пешевски 4/5, Маџовски, Чурлевски 4/7, Димитриевски 1/2, Поповски 6/8, Лазаревски.
Србија: Милосављев, Миленковиќ, Гојковиќ 1/1, Воркапиќ 1/2, Сретеновиќ 1/4, Ратковиќ 3/3, Милиќ 6/9, Јевтиќ 3/5, Сотиќ 1/3, Живковиќ 4/6, Матичиќ 2/3, Ѓукиќ 5/10, Вучковиќ, Бабиќ 1/1, Стевановиќ 1/4.