Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ застана во одбрана на Жозе Мурињо, кој беше отпуштен поради слабите резултати.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ после заминувањето на Мурињо и доаѓањето на Солскјер го декласираа Кардиф на гостувањето со 5:1.
„Не знам што се промени. Никој нема одговор на тоа прашање, но сигурно е дека мораме да продолжиме по овој пат. Да се бориме и да победуваме“, истакна Матиќ, а потоа го коментираше отказот на Мурињо.
„Тоа е фудбал, но не е секогаш виновен менаџерот кога не се добри резултатите. Играчите мораат да преземат одговорност, тоа го кажав и после мечот со Ливерпул. Мораме да играме подобро, ние сме Манчестер Јунајтед“, заклучи Србинот.