Манчестер Јунајтед вечерва и гостува на Бенфика, а тоа всушност ќе биде враќање на Немања Матиќ на местото каде ја стекна својата фудбалска афирмација.
Српскиот репрезентативец помина три години во гигантот од Лисабон кои беа клучни во неговиот развој и не крие дека Бенфика има посебно место во неговото срце.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога дојдов во Бенфика тренерот Жорге Жесус ми рече дека ќе играм во дефанзивната линија од средниот ред. На почетокот ми беше чудно бидејќи никогаш не сум размислувал дека можам да играм на таа позиција. Но, тренерот внимателно ми објаснуваше како да играм на таа позиција. По многу години напорна работа стигнав и до Манчестер Јунајтед. Очигледно е дека Бенфика со мене направи одлична работа“, изјави Матиќ.
Интересно, Матиќ во Бенфика пристигна од Челзи во 2011 година, а три години подоцна Жозе Мурињо го врати на „Стенфорд Бриџ“.
„Бенфика е посебен клуб. Го сакам овој клуб. Тука научив колкав и каков може да биде притисокот кога играш за голем клуб бидејќи Бенфика е меѓу најдобрите во Европа. Ќе навивам за овој клуб до крајот на својот живот. Бенфика има посебно место во моето срце, но се надевам дека вечерва ние ќе ги освоиме бодовите“, додаде Матиќ.