Дома Трансфер зона Матиќ потврди: Заминувам, беше привилегија да се игра за Манчестер Јунајтед

Матиќ потврди: Заминувам, беше привилегија да се игра за Манчестер Јунајтед

Српскиот играч за врска и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“.

„По сериозно размислување одлучив оваа сезона да биде моја последна во Манчестер Јунајтед. За одлуката ги известив сите. Беше голема чест и привилегија да се игра за овој клуб. Голема благодарност за навивачите. Ќе дадам се од себе до крајот на сезоната да помогнам за подобри резултати“, изјави Матиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После пет години поминати „Олд Трафорд“, Матиќ го напушта клубот иако има договор до 2023 година. За „црвените ѓаволи“ има одиграно вкупно 183 настапи во сите конкуренции.

Коментари
  • Матиќ сака да си оди, Рома не го пушта

    Немања Матиќ сака да си замине од Рома и го информирал клубот да му дозволи трансфер. Српс…
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…