Дома Трансфер зона Матиќ не е задоволен: Побара итен состанок со Солскјер

Матиќ не е задоволен: Побара итен состанок со Солскјер

Освен Алексис Санчез кој се очекува во следните денови и официјално да го комплетира заминувањето од Манчестер Јунајтед, најверојатно уште една ѕвезда ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека Немања Матиќ не е задоволен од својот статус во тимот и побарал итен состанок со Солскјер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот интернационалец важеше за еден од најстандардните фудбалери на „црвените ѓаволи“ по трансферот од Челси пред две години, но во новата сезона после 3 кола не одигра ниту една минута.

„Мирор“ пренесува дека Матиќ бара состанок со Солскјер каде ќе бара одговори на некои прашања, за да донесе одлука до крајот на преодниот рок.

Србинот доби понуди од Шпанија и од Италија, па доколку Солскјер не смета сериозно на него ќе бара да му биде дозволено да си замине од „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…